м-р по фармација, диететика и диетотерапија | сертифициран Balanced Body® Pilates инструктор
Водич за подобрување на хормоналниот баланс кај жени во репродуктивна возраст
Програмата содржи:
Целта на едукациите е да ви помогне да ги разберете подлабоко влијанието на репродуктивните хормони врз целокупното функционирање и метаболизам како и разбирање на симптомите како умор, промени во циклусот, промени во тежината, акни, анксиозност, проблеми со плодноста. Од друга страна, лоцирање на неправилните навики во исхраната кои доведуваат до инсулинска резистенција и како токму таа состојба претставува основа за појава на бројни хормонски дисбаланси. Менито е модел кој илустрира како треба да изгледа балансирана исхрана која го помага синхронизираното работење на телото.
Програмата чини 899 денари и се плаќа еднократно. Плаќањето го правите тука на сајтот.
Пристап до програмата имате 60 дена од датумот на купување.
Менито ќе ви биде супер насока какви треба да бидат оброците, а рецептите се лесни и брзи, со намирници кои се достапни и економични, а најважно од сѐ е што се оброци за цело семејство.
Не, во програмата е вклучено едно 7-дневно мени и видео едукација. Менито служи како модел, пример како изгледа балансирана исхрана што ја поддржува хормонската рамнотежа. Фокусот не е на постојано следење различни менија, туку на учење: која храна е најсоодветна, како да се комбинираат намирниците и како преку правилен избор на оброци може да се влијаеме на хормоналниот баланс. Целта е да се стекне знаење и вештина, а не да се следиме мени по шаблон.
Едукациите траат вкупно помалку од еден час, а под секое видео има сублимат со најважните информации.