м-р по фармација, диететика и диетотерапија | сертифициран Balanced Body® Pilates инструктор
Водич како да го вратите своето тело во нормална функција доколку имате некаква форма на тироидно нарушување.
Програмата содржи:
Многу важно е целиот процес да го започнете со смиреност и разбирање, ова не е болест, туку состојба со која се учи да се живее. Наместо да го гледате ова како нешто што „мора“, погледнете го како избор што го правите за себе. Со правилен пристап, исхраната и рутината не се ограничување, туку извор на стабилност, енергија, мир, повеќе здравје и поквалитетен живот.
Секоја чест Драгана, Како некој што 8 години веќе е на трапија поради хипо, речиси никогаш предходно не сум добила или слушнала толку корисни информации на едно место, се скоцкано, едноставно и разбирливо кажано како во твоиве видеа. Јас се ова го дознав на потешкиот начин за жал, години читање, следење форуми, барање одговори, грижа на совест.......така да секој еден што ќе ги гледа видеава не е ни свесен/а колку добрина од сам старт си му/и направила. Достапна и разбирлива информација значи полесно прифаќање и борба, а тоа на крајот здравје и квалитетен живот. Поклон до земја, браво.
15 години сум пациент на нуклеарна медицина, ни еднаш не добив ни приближно вакво објаснување. Ти благодарам Драгана!
Одлично објаснување со соодветен јазик да разбереме и тие што не сме стручни во таа област. Фала.
Одлично објаснето, благодарам Драгана!❤️
Предобро објаснето, браво.
Програмата чини 899 денари и се плаќа еднократно. Плаќањето го правите тука на сајтот.
Пристап до програмата имате 60 дена од датумот на купување.
Менито ќе ви биде супер насока какви треба да бидат оброците, а рецептите се лесни и брзи, со намирници кои се достапни и економични, а најважно од сѐ е што се оброци за цело семејство.
Не, добивате 3 различни 7 дневни менија кои имаат за цел да ви дадат насока за тоа како може да изгледа разновидна, балансирана и нутритивна исхрана што ја поддржува тироидната функција. Не мора строго да се придржувате до нив, важно е да ги разберете принципите и да ги приспособите оброците и храната според вашите потреби, навики и цели. Менито е тука пред сѐ како инспирација, не како правило, па затоа нема потреба да се менува на неделно ниво.
Едукациите траат вкупно помалку од еден час, а под секое видео има сублимат со најважните информации.